Add to favorites

Radio MEFF

. . .







Station details
Streams
128 kbps mp3

Radio MEFF
98.7 FM
Prilep
radiomeff@gmail.com


www.radiomeff.mk
+389 (0) 48 411 111
Радио Мефф е музичка радиостаница во приватна сопственост, лоцирана во градот под Марковите Кули - Прилеп. Емитуваме програма на фреквенција од 98,7 MHz во стерео техника и напреден Радио Дата Систем. Постоиме и успешно работиме од 1993 година. Радио Мефф е посебно интересна радиостаница од причини што емитува исклучиво македонска музика од сите жанрови, но со најсилен акцент на народната музика. Во однос на покриеност со сигнал, совршено ги покриваме териториите на Прилеп, Битола, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, но нашите радио бранови одлично ја покриваат и територијата на Лерин и околните Лерински села! Но тоа не е границата на Радио Мефф, бидејќи паралелно стримуваме преку неколку различни сервиси на Интернет, со што нашата програма е лесно достапна буквално низ целиот Свет. Откако постоиме бројот на слушатели е во постојан пораст. Благодарение на „интернет радиото“ посебно интересни сме за слушателите од Канада, Австралија, Америка како и сите европски земји во кои има доста иселеници од Македонија, а кои посебно ги почитуваме.